ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Обезбедени 700.000 денари, Карпош субвенционира велосипед, тротинет и електричен велосипед

March 21, 2023 10:07
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со вкупен фонд од 700.000 денари кои ги обезбеди од својот буџет, Општина Карпош од денеска ја започна акцијата за субвенционирање при купување на нов велосипед, електричен тротинет и електричен велосипед. Притоа, локалната самоуправа ќе субвенционира до 30% од цената на купување на нов велосипед, или во максимален финансиски износ, најмногу до 3.000 денари, како и купување на електричен тротинет и електричен велосипед  со субвенционирање до 30% од цената, односно најмногу до 5.000 денари.

Во овој случај, право на субвенционирање во оваа акција ќе има секој полнолетен жител на општина Карпош, кој ќе купи нов велосипед или електричен тротинет и електричен велосипед  започнувајќи од вторник  (21.03.2023) година. Оваа акција ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства, при што ќе важи принципот “прв дојден, прв услужен“.

Во рамки на процедурата, апликантите за субвенции треба да ги достават следниве документи:

  • Барање за субвенција за купување на нов велосипед или електрични тротинети и велосипеди,
  • Изјава за согласност за обработка на лични податоци,
  • Лична карта (фотокопија),
  • Трансакциска сметка (фотокопија),
  • Фискална сметка за купен велосипед или електричен велосипед и тротинет, кој е купен не порано од 21.03.2023 година (Вторник).

Во оваа пригода ги известуваме жителите на Карпош кои веќе оствариле право на субвенција и добиле средства од Град Скопје за тековната година, дека немаат право да учествуваат по огласот. Инаку, граѓаните можат да аплицираат за субвении преку писмен и електронски пат. Имено, барањата со комплетната документација можат да ги доставуваат физички до архивата на Општина Карпош или пак електронски, преку мобилната апликација М-заедница (достапна за IOS и Android), како и на веб страницата mzaednica.mk при што е потребно секој од горенаведените документи да биде скениран и прикачен  на соодветното место.

По поднесувањето на документите, подносителите во писмена форма ќе бидат известени дали ќе бидат корисници на предвидените средства за субвенција за купување на нов велосипед, електричен тротинет и електричен велосипед. Правото на субвенција е еднократно а за дополнителни информации граѓаните можат да се обратат кај координаторот на проектот – Марко Петрушевски,  на контакт телефонскиот број: 078 486 063.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Карпошсубвенции

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

July 1, 2025
Скриншот

Кос: После цела една година труд и работа Босна и Херцеговина им се придружува на петте земји од Западен Балкан, со усвојување на реформската aгенда

July 1, 2025
Фото: МИА

Два онколошки лекови префрлени од болничка во примарна позитивна листа, проширен рокот во кој осигурени лица можат да остварат рехабилитација, поголем опфат и современа поддршка за ортопедски и други помагала

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk