Во рамки на ациската контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата вчера санкционираше 246 возачи.
Како што соопшти денеска МВР, од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 114 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 132 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.