Возач со изнајмен автомобил газеше пешаци на аеродром. Полицијата вели дека се однесувал сомнително.
Лицето во петокот со украден изнајмен автомобил газeл неколку пешаци на аеродромот во Келн во Бон, соопшти полицијата.
Возачот повредил „пет или шест“ лица и се судрил со неколку возила. Портпаролот на полицијата изјави дека има индиции дека лицето има проблеми со менталното здравје. „Се чини дека намерно удрил во неколку автомобили и пешаци, кои можеле да се тргнат од неговиот пат“, рече портпаролот.
Полицијата соопшти дека 57-годишникот повредил и двајца полицајци додека пружал отпор при апсењето. Потоа бил однесен во болницата во Келн каде што му се прави психолошка анализа пред да биде однесен во психијатриска болница.
Извор: DW
Подготви: Марта Пешевска