Втората студена војна може да испадне поопасна од првата, предупредува поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во интервју за Мундо објавено синоќа.
Оваа втора студена војна би можела да започне меѓу САД и Кина, предвидува поранешниот државен секретар.
Според Кисинџер, една од причините зошто Втората студена војна може да се покаже поопасна од првата е фактот што Кина и САД имаат споредливи економски ресурси – нешто што, според поранешниот државен секретар, не било присутно во Првата студена војна.
Вашингтон и Пекинг имаат заедничка обврска да спречат катастрофален судир, истакнува Кисинџер.
Извор: Рацин.мк