ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Секој секогаш има право да побара поголема плата

March 28, 2023 13:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Вработените во Министерството за култура имаат Колективен договор, кој според она што го имам видено е еден од подобрите за работниците ако ги погледнете нивото на бенефиции во делот на плати кои ги дава. Сепак, вработените може да разговараат со надлежните во Министерството и во однос на остварување на своите права и секогаш секој има право да побара поголема плата, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– На вработени во одредени сектори секогаш правото на протест им било на располагање, ние сме демократска земја. Направивме зголемување на минималната плата, која согласно со новата методологија е зголемена за 2.175 денари и важи за сите вработени во државата, што значи дека нема да има никој плата под ова. Линеарно зголемување за 2.175 денари ќе има и за околу 27.000 работници кои имаат колективни договори што се усогласени со Законот за минимална плата, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на маркет во Скопје заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

Премиерот порача дека помина времето од пред шест години кога дел од работниците кои работеа во кожарската и текстилната индустрија примаа и помала плата од 8.000 денари, што беше минимална плата во тоа време.

– Министерството за труд и социјална политика веќе одржа два состанока на Економско социјалниот совет на кој се разговара на нов општ колективен договор. Се работи и на Закон за плати, со кој ќе се уредат платите од највисоката до најниската во државата, бидејќи во моментов имаме неконзистентност на плати и има регулаторни тела, институции каде плата за работник кој не обавува управувачка функција или функција која во хиерархијата има големи нивоа на раководења, има поголема плата и од претседателот на држава и претседателот на Уставен суд и од многу други кои извршуваат поодговорни функции, посочи Ковачевски.

Тој ги повика синдикатите да учествуваат во креирањето на овој закон со цел, како што кажа, да има системско решение по примерот на држави кои тоа го имаат уредено, но и во земји во регионот.

Tags: Ковачевскиплата
Next Post

Влезот во НАТО значи, да, ние припаѓаме вредносно, политички и во секоја друга смисла на Запад!

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk