fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

МКФ доби нов спонзор

March 28, 2023 13:39
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската кошаркарска федерација ја продолжува соработката со сериозни компании кои ќе помогнат за уште подобри услови на функционирање на сите активни чинители во кошаркарскиот спорт во Македонија.

Како дел од планираните активности, денеска, беше официјализиран и договорот за партнерство со компанијата „КРИО.МК“ од Скопје.

„Кошаркарската федерација ја продолжува со соработка со сериозни компании кои ќе помогнат за уште подобри услови за кошаркарите и за клубовите, пред се и репрезентацијата. Среќен сум што потпишавме договор со компанијата „Крио.мк“ на чело со Бранко Стојановски и што тој, со неговата компанија ќе биде дел од Федерацијата Сигурно е дека со машините кои тој ги нуди, ќе се донесе голема помош за кошаркарите“- потенцираше претседателот на федерацијата, Перо Антиќ. „Со овие терапии лично се запознав во НБА-лигата, бев изненаден кога ќе се влезе дека беше ладно, но чувството по еден третман е одлично, како да не си тренирал. Ние од постарата генерација бевме навикнати на други третмани, но како одминува времето, така технологијата оди напред. Затоа ние ќе мора да направиме подобри услови“.

Новиот партнер на нашата федерација, Бранислав Стојановски, и неговата компанија „КРИО.МК“ од Скопје, на прес-конференцијата всушност ги потврди заложбите на првиот човек на нашата кошарка:

„Чест е и задоволство да се биде партнер и спонзор на Кошаркарската федерација. Се надеваме на поголеми успеси на спортистите, да им овозможиме добро и квалитетно заздравување, ќе им овозможиме најсовремена апаратура за пост-повреда, по тешки тренинзи и слично, со кои, се надевам ќе постигнат подобри резултати. Членови сме на други Федерации, исто како што работиме таму ќе работиме и тука. Ќе работиме да ги едуцираме сите како да ги користат сите услови“.

Стојановски се обиде да го објасни начинот на функционирање, и кои се бенефитите од методите кои ги спроведува „КРИО.МК“.

„Ова се специјални машини кои работат на минусни температури. Докажано е дека ладните бањи или кади, дека се совршени пост-тренинг, но овие што работат на -160 степени се подобри за детална регенерација на клетки митохондри. Тоа значи како играчот да немал тренинзи и напад претходно и веднаш може да продолжи со истиот напор и тренинг од претходно.

Имаме и други апаратури кои ги користиме. Тоа се ‘Норматек’, за спортска масажа, ‘Инфраред’ зрачење, нешто што во моментов е најважната алатка во борбата за заздравување. Имаме и локално ‘крио’ коешто се надевам дека нема да имаме проблеми со спортистите. Тоа е за локализирање на повреда на раце, нозе или зглобови, само што се нанесува локално. Имаме голем пристап кон заздравување, пост-заздравување и што треба да се прави во домашни услови“- истакна Стојановски.

Tags: МКФСпонзор

НАЈНОВО

Османи: Ќе поддржиме Влада без претставници на ДУИ на денот кога ќе стапат во сила уставните измени

June 10, 2023
Отворена е судска и административна истрага по експлозијата во фабрика за експлозиви во турскиот главен град Анкара, 10 јуни 2023 (Foto: Getty)

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика за експлозиви во Анкара, петмина загинати

June 10, 2023
Жители се собираат пред ресторанот Перл Бич по екстремистичкиот напад извршен од Ал Шабаб на плажата Лидо во Могадишу, Сомалија, 10 јуни 2023 година. (Foto: REUTERS)

Девет лица загинаа во неколкучасовен екстремистички напад врз хотел во Сомалија

June 10, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Битиќи: Мицкоски може да се коцка со сопствената, но не и со македонската иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гир: Доколку нема уставни измени, тоа значи дека ќе ја пропуштите шансата, која некои други ќе ја искористат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала: Невидливите ѕидови на поделбите мора да ги урнеме прво кај нас самите, во нашите глави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќе смогне ли сили Мицкоски да се надмине себеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднаа цените на бензините

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk