Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за непочитување на првенство на минување.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила…