Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Брисел ќе одржи работен состанок со европскиот комесар за земјоделство, Јануш Војчиеховски.
-На состанокот министерот Николовски заедно со колегите министри за земјоделство од регионот ќе разговараат за досегашната реалзиација на ИПАРД 2 програмата и почетокот на новата ИПАРД 3 програма, најави Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.