На 31 март 2023 година, на годишнината од ослободувањето на Буча од страна на Вооружените Сили на Украина од руските окупатори, во центарот на Скопје, во близина на споменикот на Тарас Шевченко, се одржа акција на Здружението на Украинците „Лесја Украинка”, стои во Фејсбук-објавата на Амбасадата во Украина на Република Северна Македонија.
Денес, Украинците се собраа да го почитуваат споменот на жртвите од Бучанската трагедија и да ја осудат суровата руска воена агресија против Украина.
За време на настанот, Претседателот на Здружение на Украинци во Македонија “Лесја Украинка”, Alexandr Urbanovitch, го прочита текстот на отвореното писмо на Здружението до претставниците на руската амбасада во Северна Македонија со повик да се запре неиспровоцираната агресија на рф против независна Украина, како и да не се поддржува злосторниот режим на кремљ. Сите злосторници на руската федерација ќе бидат казнети, се вели во објавата.
Подготви: Марта Пешевска