Класични музичари, рок бендови, стенд-ап комичари и актери оваа сабота настапуваат за да соберат средства за нови тапани за Дино Рамо, лице со атипичен развој кое одлично тропа на тапани, но му се потребни нови за да продолжи да го прави тоа што најмногу го сака. Почнувајќи од 11 часот, организаторите се надеваат дека кутијата за донации ќе се наполни до последниот настап во 20ч., а и самиот Дино ќе одржи џем сесија на тапани во 16ч.
Програма:
11: 00 – 13:00 – Детски маскенбал
14:00 – Гудачко трио: Билјана, Љубица, Александра
14:30 – Stringendo
15:00 – Васил Ангелов & Band
16:00 – Дино Рамо- Drum Jam Session
17:00 – Црно Собрание
18:00 – Симон Киселички
19:00 – Бојан Кирковски- Stand up
20:00 – Џијан Емин & Шлиц
Водител на целодневниот настан е актерот Игор Ангелов.
За оние кои ќе бидат спречени да дојдат, а сакаат да помогнат, можат да донираат преку жиро сметка:
Сметка за донации:
Центар за изведувачки уметности и едукација Театар Пи
Жиро сметка: 200002429693434 Стопанска банка
Цел на дознака: Тапани за Дино