ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Засадени садници во Паркот на франкофонијата

March 31, 2023 15:58
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и дел од резидентините амбасадори во земјава денеска засадија 10 садници во Паркот на Франкофонијата во Скопје, како активност со која симболично беше заокружено одбележувањето на месецот на Франкофонијата.

Османи истакна дека франкофонијата е во служба на зближувањето на народите, жива и посветена организација на мисијата на дијалог и промовирање на универзалните вредности, мир, демократија и човекови права, а со засадувањето дрвца афирмираат уште една вредност – чувањето на природината околина.

-Живееме во свет полн со превирања, мирот како темелна вредност за која мислевме дека не може да биде доведена во прашање, повторно е нарушен од пламените јазици на војната и тоа во самата Европа. Ова уште повеќе не мотивира да се сплотиме и да создадеме синергија, а чинот на садење дрвце, нека биде симболична порака за мир, заедништво и соработка која ја испраќаме од Пракот на франкофонијата, рече Османи.

Амбасадорот Бомгартнер порача меѓу другото дека човековите права, демократијата и мирот се меѓу вредностите на Франкофонијата, кои во денешниот свет се навистина строго оспорувани и затоа е многу важно што сме обединети во нивната одбрана. Тој при тоа им се обрати на учениците кои беа дел од настанот.

-. За неколку години дрвцата ќе пораснат, а за тоа време вие ќе бидете возрасни, ќе станете гласачи и идни водачи на земјата. Симболичното засадување нови дрвца не повикува со големо внимание да го следиме затоа што преку него се гради и вашата европска иднина, истакна Бомгартнер.

Градоначалникот на Општина Центар Герасимовски кој беше домаќин на завршниот настан садење на дрвја во Паркот на Франкофонијата истакна дека остануваат посветени да ја негуваат Франкофонијата преку едукативни настани и програми кои ќе го збогатат знаењето кај децата и ќе ја зголемат употребата на францускиот јазик.

На настанот учествуваа и резидентни амбасадори на земјите членки на Организацијата на франкофонија, резидентните почесни конзули на земјите франкофони, Белгија и Канада, како и ученици од француските паралелки и Францускиот институт и директори на училишта.

Tags: Парк на франкофонија
Next Post

Андонов и Кичевски: Работиме на забрзана енергетска транзиција на земјата, голем е потенцијалот за нови инвестиции во обновливи извори

НАЈНОВО

Украина заедно со САД започнаа со производство на дронови-пресретнувачи

November 13, 2025

„Зелено светло“ за измени на Законот за правата на помалите заедници – оди на пленарна седница

November 13, 2025

ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk