ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Балканот како ризница за музичкиот жанр „World music”

April 4, 2023 12:51
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Кларинет, хармоника и фрула се инструментите кои се споија во една нова композиција „Извор”, а извонредните балкански академски музичари Благојче Трајковски, Александар Софронијевиќ и Неда Николиќ ги здружија своите докажани таленти на маестрален начин.

Иницијатор на оваа соработка е македонскиот познат кларинетист, кој две децении ја негува традиционалната музика преку нови форми на етно жанрот, со елементи на импровизации и современ аранжерски пристап. Неговата цел е фолклорот да го преточи во современа уметност, а давањето на модерен звук инспириран од изворната музика претставува автентичен придонес за домашното, но и светското културно богатство.

Трајковски е академски музичар и неговиот пристап во создавање и интерпретирање на музика, секогаш се одвива низ процесот на истражување, а изборот да соработува со врвни музичари од Балканот е негова определба која дава визибилност на нашите традиции во светски рамки.

„Португалија го има Фадото, Чешка ја има Полката, Ирска ја има својата традиционална музика…зошто ние често се срамиме од нашата традиционална музика, кога имаме фантастична основа да доминираме на светската музичка сцена која уште во далечната 1983 година тргна во сериозна кампања за афирмирање на традиционалната музика на светот. Се родија специјализирани емисии кои ги промовираа традиционалните ритми на различни народи, истото се случи и со издавање на магазини кои беа специјализирани за World music, како што е британскиот “Songlinesa” кој и денес е највлијателен печатен медиум за традиционална музика. Денес, жанрот World music е моќна музичка индустрија. Тоа е шанса традицијата на еден народ, преку нова квалитетна музика да му се претстави на светот на најдобар можен начин. Од искуство знам, кога сум гостувал на светски сцени, публиката одлично реагира на звуците на македонската и на музиката од Балканот и ја почитува таа музичка матрица. Па така се роди и „Извор”- вели Трајковски за овој негов најнов проект.

„Извор” е инструментална композиција која е создадена во духот на македонската музичка традиција, но со еден урабан и современ пристап во аранжерското обликување, кој ѝ дава една свежа и современа боја.

Во оваа композиција солистичката улога ја имаат кларинетот, хармониката и фрулата. Сите три инструменти даваат една своја посебна емоција, боја и интерпретација, проследена со неверојатна виртуозност.

„Музиката ја создавав специјално за оваа комбинација на инструменти и секако за овие врвни музичари. Чест ми беше да соработувам со Александар Софронијевиќ и Неда Николиќ. Тие имаат беспрекорен професионален пристап кога работат, а за нивниот неверојатен музички талент добро знае и светот. Тие се значајни луѓе за Балканската музика и мојата желба да ги имам за соработници се исполни„-истакнува Трајковски.

Александар Софронијевиќ и Неда Николиќ специјално допатуваа до Скопје за снимањето на видео спотот, кој е одлична визуелна приказна која веќе се врти на балканските ТВ канали.

Извор е дело на кларинетистот Благојче Трајковски кој се јавува како композитор, аранжманот го направи Димитар Христов. Позади аудио продукцијата стои Дејан Момироски, а видеото го режираше Ханис Багашов. Издавач и дистрибутер на ова парче музика е продукцијата на Александар Софронијевиќ АС СТУДИОТОН од Белград.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „World music“Балкан

НАЈНОВО

Охрид Фото: Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Четириесет организации од Европа бараат охридскиот регион да се впише во листата на светски наследства во опасност

July 8, 2025

Петрушевски: Да не се злоупотребува трагедијата од Кочани, ќе има институционална и системска поддршка и сите потреби ќе бидат обезбедени од државата

July 8, 2025

Тренчевска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа ароганција и негрижа за настраданите од трагедијата во Кочани

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk