Кумановци уште три месеци ќе го користат бесплатниот автобуски превоз, одлучи мнозинството советници на последната седница на советот. За оваа намена ќе се одвојат дополнителни 15 милиони денари од општинскиот буџет. Со претходната одлука, бесплатниот превоз можеше да се користи од јануари до јуни, годинава.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на последната прес-конференција кажа дека во фаза е постапка за изработување на конечни резултати кои ќе покажат колку граѓаните се задоволни од автобускиот превоз, кои се аномалиите на превозот.
Опозицијата во советот реагираше дека одлуката се носи без анализа за придобивките од мерката во првите три месеци и кажаа дека е потребна поголема одговорност при носење на одлука со која се трошат значителни средства од парите на граѓаните.
Првично, одлуката на советот се однесуваше на користење на превозот за сите граѓани од јануари до јуни, за што беа одвоени 30 милиони денари.