ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Следната недела ќе се ревидираат дел од цените, координираните контроли на терен ќе продолжат со цел почитување на одлуките

April 7, 2023 15:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари состанок со увозниците на овошје и зеленчук во државата. На состанокот учествуваа и претставници на Стопанската комора на Северна Македонија. На состанокот се дискутираше за последната одлука на Владата за замрзнување на цените на дел од овошјето и зеленчукот.

По завршувањето на состанокот министерот Бектеши изјави дека заедно со увозниците на овошје и зеленчук се согласиле следната недела да се направи мала корекција на дел од цените на овошјето и зеленчукот имајќи во предвид дека изминатата недела се пријавени нови увозни цени кои кореспондираат со цените во земјите од каде што се увзеува.

Како што кажа Бектеши, цената на овошјето и зеленчукот кои беа наведени во одлуката нема да бидат над 100 денари.

„Колку се зголемени цените на увозот на одредени производи, процентуално ќе се зголеми и цената која е замрзната. Ако има намалување на цените што се прикажани во Царинската управа, процентуално на тоа намалување ќе се намали и цената на тој производ. Ако е иста, ќе остане иста. Генерално, нашиот увоз е од Грција, Турција, Албанија и од Србија и повикувајќи се на новите цени што се пријавуваат во Царинската управа, следниот вторник, Владата ќе ги ревидира замрзнатите цени. Кај одредени производи ќе има многу мало зголемување како највисока цена на овие производи, но никако нема да има во малопродажба цени како пред десетина дена кога се движеа околу 130-140 денари, па отидоа и до 150 и погоре. Цена на овошјето и зеленчукот за производите што беа наведени во одлуката нема да има поголема од 100 денари за што дополнително ќе ја информираме јавноста“ кажа министерот Бектеши.

Во врска со одржаниот координативен состанок со Царинската управа и Финансиската полиција и УЈП и Пазарниот инспекторат како што кажа министерот Бектеши, договорено е во наредниот период ќе продолжат со контролите на терен со цел да се утврди фактичката состојба на цените на пазарите.

“Ќе се прават контроли за тоа како е направен увозот за сите увозници за овошје и зелечук за последните месеци. На терен е финансиската полиција и Државниот пазарен инспекторат за да не се направи штета на буџетот и на граѓаните. Давале други фактори во Царина, а со други фактури купувале од регионот. Сакале да избегнат царински давачки, и Царина доби задачи да направи детални контроли за месеци наназад“ кажа министерот Бектеши.

Министерот Бектеши кажа дека според податоците од производителите на овошје и зеленчук на почетокот на следниот месец кога се очекува да излезе домашното производство се очекува намалување на цените.

На предлог на Министерството за економија, Владата на седницата одржана во понеделникот донесе одлука за замрзнување на 11 вида овошје и зеленчук.

Согласно одлуката почнувајќи од 5 април, свежите домати не може да се продаваат за повеќе од 70 денари, свежите краставици не може да се продаваат повеќе од 75 денари, кромидот не може да се продава повеќе од 60 денари, карфиолот не може да се продава повеќе од 7о денари, зелените пиперки не може да се продаваат повеќе од 90 денари, гравот не може да се продава повеќе од 75 денари, леќата не може да се продава повеќе од 110 денари, бананите не повеќе од 75 денари, портокалите не повеќе од 55 денари, мандарините не повеќе од 60 денари и лимоните не повеќе од 55 денари.

Оваа одлука е на сила до 30 април..

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: зеленчуковошје

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница

July 11, 2025

Фон дер Лајен: Сребреница е меѓу најмрачните поглавја во колективната меморија на Европа

July 11, 2025
Скриншот

Полсат: Силата што се користи против студентите во Србија е под контрола на Русија

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски се пофали дека заедно со Мицкоски успеале да го зачуваат статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk