ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Како Македонците научија да ја черечат Македонија

April 9, 2023 12:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Хајне рекол дека секоја епоха е сфинга која се фрла во бездна оној момент кога ќе се реши нејзината загатка.

Се разбира, може да се фрли и загатката, но нејзината нерешеност ќе остане како камче во патиката на епохата. А тоа е заебана работа, особено кога епохата ќе тргне да се движи. Дури и кога ќе сака или ќе згреши да се движи на назад, нерешената тајна ќе ја вознемирува, понекогаш и боли.

Затоа е битна тајната на загатката.

Решавањето на загатката ја заокружува епохата, на некој начин ја исцрпува и така се овозможува премин на ново ниво.

Без одвишни ресентимани.

Споменици и венци.

Македонската загатка се вика вмро.

Вмро не е партиско прашање, политичко, дури не е ниту идеолошко, тоа не е прашање на Мицкоски или на целата галерија чипирани идиоти што се собрани во онаа одвратна зградурина направена во пљачкашките операции на четата на Никола по селата на нашата Пирин планина, туку е загатка на конститутивната епоха во слободата и која можеме да ја завршиме и фрлиме во бездната откако ќе се качиме на бродот за новата димензија на постоењето.

Односно пред да се качиме:

Оти ќе не фатат на безбедносната контрола.

Вмро не е камче  во македонската патика.

Вмро е бајка.

Камен од бајка или бајковит камен од кој ни се распаѓаат стопалата.

Имаме гангрена.

До таа мерка оваа бактерија го има заразено националниот организам.

Односно епохата.

Некои прсти, можеби и двете нозе до колената, ќе мораме да ги ампутираме.

Тоа е егзистенцијално прашање за сите.

И за вмороните и за невмороните:

Дури и за нас нормалните.

Среќа, има убави протези.

Освен тоа, галаксијата кај што треба да отпатуваме без тој камен има сосема друг однос кон екстремитетите на човекот.

Таму луѓето немаат уши, носеви, дури немаат ниту курови, слушаат, мирисаат и се ебат на неземјански начин.

Сево ова е поврзано со една друга максима:

Светската историја не е тло на кое никне среќата.

Периодите на среќата се нејзините неиспишани листови.

Рекол Хегел, а Тричковски рекол дека среќата е прашање на секојдневните освојувачки подвизи. Таа не е прашање на културно-историското наследство во кое нацијата ужива. Како што мислеа и мислат Македонците, па се трескаат од земја, прашувајќи се како дојдовме до оваа дереџе. Односно како некој се осмелил да ги доведе на тоа неподносливо ниско ниво. Најмалку, пак, на кукумјавчење, нарикачење, преувеличување на широките народни маси понесени од бранот на партиски и медиумски предизвиканата хистерија. Или на очекувањата дека првиот лудак во опозициската злосторничка инсталација ќе го реши прашањето на среќата.

Дека загатката ќе ја фрли епохата во бездна пред да биде решена.

Хахаха.

Слатки илузии.

Околностите, кои некои господа целосно ги омаловажуваат, во стварноста, на секое политичкo начело му ја даваат бојата и неговото посебно значење.

Околностите за кои пишувал Бурке, ја бојат вмро со црна боја и ` даваат смртоносно значење. Само по себе, вмро е пичкин дим на Историјата, но во околностите во кои се обидува да се претвори во политички концепт, е смртоносен феномен.

Македонците во транзицијата научија да веруваат дека нивна патриотска должност е да мамат, лажат, крадат, оцрнуваат и пљачкаат- после 30 години тие навики се длабоко вкоренети во нивното разбирање на животот, на себе и на светот.

Пол Анри Спак, татко или некој друг род на мојата симпатија од млади години, Кетрин Спак, слично мислел за Французите, Белгијанците и Холанѓаните по Втората светска војна. Односно  во времето кога Македонците, сосема спротивно, ја затвораа вморонската епоха на грабежи, пљачки и убиства и решија да се упристојат во нормална, модерна нација. Тие тогаш ја решија загатката на вмро и можеа епохата на своето преддржавие и флотантност, да ја фрлат во бездната.

Како хајнеовска сфинга.

И затоа тоа беше време на невидениот просперитет, економски, културен, образовен, граѓански, секаков напредок со чекори од милион милји.

До распаѓањето на Југославија и враќањето на комитлакот во кондурите и во мозокот на Македонците.

Одмаздата е бесмислена, но за некои луѓе нема место во светот што се стремиме да го створиме.

Кикифрики, Хер Флик, Жмицко, Лигњата, Женскиот оркестар под раководството на Ќулафкова и Ванковска, ману под раководството на Коцарев, уким под раководството на Венко, мпц под раководството на Агатангел и другите светци на глупоста.

Јас и Симон де Бовоар сме сигурни во тоа и не чувствуваме ниту трунка морална нелагода.

Обратно, чувствуваме супериорност.

Лекот е во прекинот на тој маѓепсан круг во кој нѐ врти вмро. Односно во третирање на вмро како малнарска шутирачка мачка, со барање на опрост од мачките. Во прекинот на кругот на комплексот на помала вредност во кој нѐ вовлекува ова злосторничка структура.

Како што нацистите ги вовлекле Французите, според Сартр.

Нека да бидеме искрени – мнозинството од нашиот народ никогаш не живеел подобро.

Така би ни рекол денеска Харолд Макмилан. Но, нема потреба, затоа што тука сум јас.

Само политичките институции можат да го обликуваат карактерот на нацијата.

Груевски ја знаеше оваа максима на Мадам де Стал и затоа реши да ги растури. Не поради институциите, туку поради карактерот на нацијата.

Му еба мајката.

И затоа денеска се спречува нивната обнова со севозможните блокади на бандитската група на вмро во Собранието.

На владата ѝ е важно да не го прави тоа што веќе го прават поединци – ниту да го прават тоа истото, малку подобро или полошо.

Треба да го прави она што денеска никој не го прави.

Односно да работи спротивно од тоа што се формира како некаков интерес во хистеријата по медиумите и партиските просерувања.

Ова е стара сугестија на Џон Мајнард Кејнс, но подобар совет денеска не може да даде никој.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. | Извор: FRONTLINE
Next Post
Фото: МИА/архива

Издадено предупредување за отровен чад по голем пожар во магацини во Хамбург

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk