ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Идентитетот не е кожуреста топка или ранче кое можеш да го заборавиш дома

April 10, 2023 11:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Приметувам дека сите (ама буквално сите) „професионални патриоти“ опседнати се со идентитетот. Секојдневно трујат дека ќе сме оделе во Европа само со идентитетот, а никако без него, жими Господ да ни е напомош. Се разбира, себе се сметам за човек што држи до своите либерални вредности, па оваа работа едноставно мора да се прокоментира.

Имено, идентитетот не е ранче кое можеш да го шеткаш наоколу, или пак нешто кое можеш да го заборавиш дома, па така ти тргнуваш по „белиот свет“ со „грлото во јагоди“, талкаш како никој и ништо, аморфно битие без особини. И ништо од ова погоре што го напишав не значи дека со идентитетот и саморазбирањето на оваа земја е сè во најдобар ред. Кои сме всушност „ние“? Што тоа „ние“ работеше добро, одлично или перфектно? И дали вакви прашања имаат некаква смисла? Дури и оној кој мисли дека може да опише некаков разумен одговор на ова прашање, нужно ќе се движи низ опасните зони на стереотипи, ништо поинакви од оние дека ние имаме „Словенска душа“ и шампионски цврцкаме домашна ракија, или пак дека Италијанците ги сакаат шпагетите и своите мајки (додека не им зафали некоја цицлеста Donna), Англичанецот, пак, е, ладно-учтив ексцентрик со многу интересни сексуални искуства од времето на студирањето, а Чехот пие само пиво, ги мрси своите мустаќи и чека да ја избегне следната војна.

Приметувате?

Затоа сите приказни за „идентитетот“ се глупаво изопштени. Има тука, меѓутоа, и нешто друго. Погледнете добро кого нацијата (преку своите „претставници“) најмногу почитува, и веројатно нешто ќе ви се каже за тоа. Ќе видите и како „тивкото мнозинство“ го гледа ова парче земја на која живее. А дури и може да ги погледате и „креаторите на јавното мислење“ што и како зборуваат за идентитетот.

Да ги земеме на пример спортистите. Што прават тие? Скокаат и дриблаат топки, некои, пак, пливаат. Што прават? Па, пливаат, пријателе. Јадат стекови, пумпаат мускули и пливаат. Други? Други фрлаат мали топки во гол, имаат право да направат и три чекори додека ја исфрлат топката, а судијата да не им свирне „шритфилер“ (познато како „чекори“). И сите овие се прогласени за личности на годината, најчесто.

Пред некоја ден, наидов на една анкета, составена од личности на годината во светот (прилично откачен избор). Изборот – ретроспективно гледано – беше еклектичен, по малку бизарен, ама беше вреден за внимание: на пример тука беше контроверзниот диригент на окупацијата, Путин, малку понатаму беше шармантниот Барак Обама, имаше и „реномирани терористи“ од типот на Осама Бин Ладен, тука беше и покојниот писател Харолд Пинтер, економистот и нобеловецот за мир Мухамед Јунус. Спортисти, види богати, немаше ниту еден. Изгледа тамо надвор по „белиот свет“ немаат појма што е тоа врвен спорт или…

Ме зачешка носето на тоа „или“. Како ќе ги споредиме и читаме овие резултати, тоа си се прашав додека размислував за оваа откачена анкета. Како да ја читаме „домашната“ и „светската“ конкуренција?

Ајде да одиме на полесниот пат: нашата политика пред 2017 година во суштина се сведуваше на серија од неуспеси; освен срам, брука и енормна пљачка. Од друга страна, листа на која има само „државници“ и спортисти, а нема една единствена личност која се занимава со природни и општествени науки, медицина, технологија, филозофија, книжевност, музика, театар, ама и воопшто некаква интелектуална работа, рефлективна, естетска, или пак онаа работа која активно го подобрува и хуманизира изгледот на едно општество, за нас, богами, ни открива и нешто кое може со мирна душа да го наречеме, „филозофија на интериоризирана мизерија“: „ние“ сами себе се гледаме како третокласна дупка во која нема никого и ништо што би било вредно за внимание; само по некој „клинец“ или „клинка“ што се занимава со теловежби, што претставува и онака занимација која успева во најголемите периферии на светот.

Тамо, во светот, постојат државници, писатели, научници, борци за човекови права: овде постојат само тркачи, пливачи, гњурачи и топко-дроиди. „Нашите“ квалитети се исклучиво физички; како некакви потценети и потиштени луѓе, спонтано ги трошиме нашите ресурси од младоста, силата и способноста. Ако сакате нешто „повеќе“ од тоа, тогаш ќе мора таквото да го побарате на друго место.

Каде?

Таму кај што некои луѓе ја придвижуваат историјата, откриваат чудотворни лекови, пишуваат еретички романи и драми, компонираат симфонии. Ние, да му ебам мајката, за тоа време маваме по кожурести топки. Други нека свират и компонираат и предаваат етика, кој ги ебе.

Разбравте, така?

Нека ни се здрави и живи нашите спортисти, не е проблемот во нив. Проблем е во нашиот менталитет. Проблем е во нашиот антиполитички и антиинтелектуален менталитет, форматиран на „патриотските елити“, толку погрешно посадени што воопшто не се ниту свесни; а, ако „елитата“ е таква, што на другите им преостанува?

Ма нема врска; повторно ќе победиме во некоја топка, па ќе се собереме пред Собрание и некого повторно ќе го „џидаме“ во воздух.

И така додека не полегнеме во нашите катакомби. Па следниот ден повторно така, сè додека не поцркаме.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: идентитетколумнаНенад Јоваковиќ
Next Post
(архива) Забрчанец на конференција на ЦИВИЛ за борбата против дезинформациите и хибридните закани, јуни, 2021 година (фото извор: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Отворен Балкан е создаден заради граѓаните, а не заради политичарите

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Влада: Од 15 август намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти

August 7, 2025

ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

August 7, 2025

Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

August 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Петрит Сарачини

    Сарачини: Политичарите „оглувуваат“ кога се зборува за национал-шовинизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава за Кавадарчанец – си го убил братот и го закопал во дворот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја корисниците од неколку улици во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судијката Ема Никочевиќ се врати на терен по успешна операција на д-р Венко Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk