Собранието денеска ја изгласа потребата од носење на измени и дополнувања на осум закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д.
Во рамки на 112 седница изгласана е потребата на дополнувањето на Законот за земјоделско земјиште, на измените и дополнувањата на Законот за експропријација, на изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, на измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, на изменување и дополнување на Законот за работни односи, на измените и дополнувањата на Законот за шумите, на измените и дополнувањата на Законот за градење, како и на измените и дополнувањата на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија, сите по по скратена постапка.
Пред почетокот на седницата беа повлечени измените на Законот за културно наследство. Предлагачи на овие закони се пратеници од ДУИ и од СДСМ.
Потребата за носење на овие закони беше изгласана со 62 гласа, а дел од пратениците од помалите партии во владејачката коалиција гласаа воздражи и против за некои од законите.