ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ивановски со поддршка од „Макпетрол” ќе се бори за учество на најелитните натпреварувања

April 11, 2023 11:31
in ДЕНЕС, СПОРТ

Атлетичарот Дарио Ивановски, олимписки стипендист на Македонскиот олимписки комитет за настап на следните летни Олимписки игри во Париз, во борбата за остварување врвни резултати ќе има поддршка од „Макпетрол”. Компанијата, која што општествената одговорност и подобрувањето на условите за живот во заедницата ги има како свои приоритети, на 25-годишниот македонски шампион ќе му овозможи полесно да остварува резултати на најелитните натпреварувања.

– Атлетиката е мојата страст, инспирација и едноставно, начин на којшто се обидувам секојдневно да се подобрувам, но и да оставам печат на спортски план во име на Македонија. Се работи за спорт којшто бара голема дисциплина, макотрпна работа и долгорочна посветеност. Токму истите вредности ги делиме со „Макпетрол” и верувам дека со нивна поддршка ќе имам уште поголеми достигнувања – изјави Ивановски за соработката со домашната компанија.

Меѓу најзначајните активности во календарот на македонскиот атлетичар е маратонот во Белград (дисциплина полумаратон) и уште една ваква голема трка. На овие натпреварувања Ивановски ќе се обиде да оствари врвен резултат што за него ќе биде виза за светското првенство во Будимпешта во август годинава, како и за „ЛОИ 2024″. Сите овие учества ќе бидат поддржани од „Макпетрол”.

– Дарио е извонреден спортист, врвен атлетичар којшто досега оствари одлични резултати, но пред себе има уште посветла иднина. Нашата цел, која што ја следиме секогаш кога даваме поддршка на индивидуалци, клубови или општо на заедницата, е тој пат, којшто бара многу лични откажувања и вложувања, да биде полесен. Се надеваме дека како резултат на соработката, Ивановски ќе може целата своја енергија да ја посвети на подготовките и на тој начин да дојде до што поголеми достигнувања – истакнуваат од „Макпетрол”.

Останати натпреварувања на кои што Дарио Ивановски ќе учествува се: Сениорски куп на Македонија, Европски игри под капата на МОК, Балканско првенство за сениори, Европски куп на 10.000 метрим, Европско првенство во крос, Скопскиот маратон, како и други домашни атлетски настани. Ивановски од годинава е активен член на АК „Корранерс”.

Tags: Ивановски
Next Post

Бесими на средба во ОН во Њујорк: Македонијa 30 години дел од ООН, значаен фактор за зачувување на мирот и безбедност

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk