Би-би-си јави дека украинските војници поставиле позиции на источниот брег на реката Дњепар, во јужниот регион Херсон.
Би-би-си Украина соопшти дека нејзини воени извори пријавиле „некое движење преку Дњепар“, во близина на градот Херсон, центарот на истоимената област која е делумно под руска контрола.
Институтот за проучување на војната (ISW) во својот редовен неделен извештај наведува рече дека „гео-лоцираните снимки објавени на 23 април покажуваат дека украинските сили дејствуваат во областите северозападно од Олешки, на источниот брег на Дњепар“.
ISW додава дека нема доволно информации за да се анализира обемот на украинското напредување – или натамошните намери на украинската војска.
Наталија Хуменјук, портпаролка на украинската Јужна команда, ниту ги потврди, ниту ги демантираше информациите дека украинските сили обезбедиле мостбран на источниот брег. Таа за украинските ТВ канали изјави дека „напорната работа продолжува“.
-Воената операција бара информативен молк додека не биде доволно безбедна за нашата војска, нагласи портпаролката.