ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Измени на законите за урбанистичко планирање и за градење за брза реализација на градби од стратешки интерес

April 25, 2023 15:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски смета дека се добри измените на законите за урбанистичко планирање и за градење, кои се дел од пакетот закони што на предлог на пратеници од власта се менуваат за спроведување на проектот за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10д, бидејќи, како што вели, со нив се утврдуваат урбанистички проекти за сите градби од стратешки интерес.

-Се работи за градби од стратешки интерес. Значи се утврдуваат урбанистички проекти за градби од стратешки интерес, односно за сите државни патишта, и денешните коишто ќе се градат и идните државни патишта, и магистралните гасоводи. Енергетската криза покажа дека треба да бидеме брзи и ефикасни во реализацијата на овие проекти, рече Бочварски, кој беше дел од владиниот тим што денеска одговараше на прашања од стопанственици во Стопанската комора на Северна Македонија за Договорот со „Бехтел и Енка“ и законските измени поврзани со проектот.

Со измените и доплнувањата на Законот за урбанистичко планирање се уредува нов модел на планирање и градење кој првпат ќе се користи кај нас и кој би ги дал најбрзите и најоптималните резултати во изградбата на патната мрежа за реализација на Коридорот 8 и Коридорот 10-Д. Градби од стратешки интерес се само оние државни патишта и магистрални гасоводи чија изградба како градби од јавен интерес е предвидена со урбанистички проект за градби од стратешки интерес.

Откако ќе биде одобрен урбанистичкиот проект со којшто се вцртува трасата за изградбата на одреден државен пат или магистрален гасовод, појасни Бочварски, следи постапка за одобренијата за градба со која што со измените во Законот за градење, се предвидува фазна градба. Во таа фазна градба, во коридорот којшто е вцртан во тој урбанистички проект или опфат, изведувачот може да започне со градба на одделни делови и делници коишто се чисти со експропријација и основен проект со ревизија со сите фази на механичка отпорност и стабилност на тој објект за да на крајот кога ќе го комплетира целиот проект во сите фази делница, на пример, Прилеп – Битола или Тетово – Гостивар, да поднесе проект за одобрение за употреба. Тогаш Министерството за транспорт и врски дава одобрение со што тогаш може да се стави во употреба целиот објект којшто ќе биде изграден.

-Бидејќи овој процес дава можност за брзо градење во фази, ние велиме дека со овие законски измени е добро да се фати чекорот и ритамот за брза реализација на овие проекти. Заради тоа сметам дека овие законски измени се добри, не само за овој проект, туку важат за сите денешни и идни државни патишта кои ќе се аплицираат за градба и магистрални гасоводи. Доколку Парламентот смета дека во работни комисии треба и некои други инфраструктурни проекти да се додадат, јас сум тука отворен да дискутирам заедно со службите во Министерството дали се тоа железнички пруги, и друг тип на инфраструктура секако може да се дискутира, рече Бочварски.

Со предлог текстот за измена и дополнување на Законот за урбанистичко планирање се врши предвидување на нов тип на урбанистички проект за градби од стратешки интерес и се уредува изработката, постапката и спроведувањето на овој урбанистички проект. Со Урбанистичкиот проект за градби од стратешки интерес, се уредува проектниот опфат за изградба на државни патишта и магистрални гасоводи, како и за нивните пропратни содржини (поставување на привремени локации, градби за вршење на подготвителни работи со кои се организира градилиштето за изградба на градбата од стратешки интерес, јами, наоѓалишта и отпадни области имајќи ги предвид достапните проектни, геотехнички, археолошки информации, информациите за животната средина, социјалните и комуналните информации и стандардите за проектирање), а проектниот опфат за изградба на државните патишта е и патен коридор со првични проценети граници за експропријација во кој ќе се врши изградбата на државните патишта со пропратните содржини.

Во процесот на изработка на овој урбанистички проект за градби од стратешки интерес за дефинираниот проектен опфат се изработува ажурирана геодетска подлога, се прибавуваат услови за планирање на просторот и се обезбедуваат податоци и информации за постојна или планирана инфраструктура од надлежните институции со јавни овластувања, по што од страна на изработувачот се доставува до Министерството за транспорт и врски кој утврдува дали проектот е комплетен и доколку истиот не е комплетен доставува известување до изработувачот на проектот за комплетирање на истиот, најдоцна во рок од 30 дена.

Министерството за транспорт и врски го доставува комплетниот урбанистички проект за градби од стратешки интерес до Владата на Република Северна Македонија која донесува одлука со која го одобрува или не го одобрува урбанистичкиот проект, во зависност од прибавените податоци и информации и мислењето од Агенцијата за катастар на недвижности по однос на извршено споредување на податоците од урбанистичкиот проект за градби од стратешки интерес со податоците од катастарскиот план.

Агенцијата за катастар на недвижности, пак, по службена должност врши прибележување во катастарот на недвижности дека во тек е градба од стратешки интерес и со тоа постапката за урбанистичкиот проект се завршува.

Спроведувањето на овој одобрен урбанистички проект за градби од стратешки интерес се врши согласно Законот за експропријација и Законот за градење односно се става во владение трасата на утврдениот патен коридор се до негова конечна изградба и употреба. Разликата од стандардната процедура за урбанистички проект во однос на овој урбанистички проект за градби од стратешки интерес е тоа што роковите за прибавување на потребната документација за негова изработка се многу пократки со што би се овозможило негова брза реализација на терен.

Tags: БочварскиЗакони за урбанистичко планирање
Next Post

Приведен малолетник во Скопје фатен при кражба

НАЈНОВО

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник пораст на температурата

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk