ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Антиќ: Името на федерацијата беше сменето пред мојот избор за претседател

April 26, 2023 14:23
in ДЕНЕС, СПОРТ

Четири години по промената на кошаркарската власт во земјава и еден месец по реизборот, претседателот на Федерацијата, Перо Антиќ првпат проговори за промената на името на оваа организација.

Во овие четири години, тој често беше напаѓан дека го сменил името, најчесто од политички причини. Присутните на Изборното собрание, одржано на 15 мај 2019 година се сеќаваат што се случуваше на него, но тоа прашање не беше актуелизирано од Антиќ, се до синоќа.

Во гостување на една локална телевизија, тој се осврна на промената на името на Федерацијата од МКФ (Македонска кошаркарска федерација) во КФСМ (Кошаркарска федерација на Северна Македонија) и објасни како се случи сето тоа.

– Од дневниот ред добро се гледа дека како шеста точка на Собранието е носење одлука за промена на називот на Федерацијата. Во тие моменти, Собранието го води тогашниот претседател Петар Наумоски. Мојот избор за претседател е дури деветта точка откако претходно беше констатиран престанок на функцијата на мојот претходник. Петар Наумоски појасни дека законска обврска на сите спортски федерации е да направат промена на називот. По препорака на Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет даден е предлог за полн и скратен назив на федерацијата. Називот на Здружението на граѓани е Кошаркарска федерација на Северна Македонија. Скратено име е КФСМ. Ваквиот предлог беше усвоен со 27 гласа ЗА“, рече, меѓу другото, Антиќ.

Кошаркарската федерација на Македонија е една од ретките спортски организации кои го сменија називите по промената на името на државата. Тоа го направи и Олимпискиот комитет, но останатите федерации, главно, ги задржаа старите имиња.

Tags: АнтиќКФМ
Next Post

Конститутивна седница на работната група за подготвување на предлог иницијатива за потребата од измени на Уставот

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk