Напаѓачот на Џирона, Валентин Кастељанос постигна четири гола синоќа против Реал Мадрид во натпреварот (4:2) од 31. коло на шпанската Ла Лига.
Аргентинецот стана првиот играч кој постигнал покер против Реал Мадрид во Ла Лига во 21 век. Четири гола од еден играч во Шпанското првенство „Кралевите“ немаа примено 76 години.
Дваесет и четиригодишниот напаѓач од минатото лето настапува за Џирона. Ова е негова дебитантска сезона во Европа.
По овој пораз, негативата на Реал зад лидерот во Ла Лига, Барселона денеска може да се зголеми на 14 бодови.