ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ковачевски- Садриу: С. Македонија и Косово немаат отворени прашања, на повидок нови чекори за продлабочување на соработката

April 26, 2023 15:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Владата оствари средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу.

На средбата беше споделена заедничка оценка дека билатералните односи се пријателски и конструктивни, со редовен и отворен дијалог, и без отворени прашања меѓу двете земји.

Беше разговарано за натамошните чекори во насока на зајакнување на заемната соработка и зацврстување на пријателството меѓу граѓаните на двете земји.

Премиерот Ковачевски упати честитки за одобрената визна либерализација на Косово и посочи дека Северна Македонија ќе продолжи и понатаму активно да ги поддржува евро-атлантските аспирации на Косово и членството на земјата во регионални и меѓународни организации.

Со цел продлабочување на соработката, беше изразена подготвеност за организирање на втора заедничка седница на владите на двете земји, каде се очекува да се потпишат нови билатерални договори во повеќе области.

Премиерот Ковачевски го изрази задоволството од фактот што Косово е значаен трговски партнер на Северна Македонија и изрази подготвеност за зголемување на економската соработка во двете насоки.

Осврнувајќи се на дијалогот меѓу Косово и Србија, премиерот Ковачевски потенцираше дека Северна Македонија ги поддржува напорите на Европската Унија во процесот и ги охрабрува двете страни за натамошен продуктивен дијалог во насока на зголемување на довербата.

Пред средбата, премиерот Ковачевски го следеше обраќањето на косовската претседателка, Вјоса Османи-Садриу во Собранието на Република Северна Македонија. 

На средбата во состав на македонската делегација присуствуваа првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за правда, Кренар Лога и амбасадоркста на Република Северна Македонија во Република Косово, Шпреса Јусуфи.
Tags: Ковачевски- СадриуКосовоС. Македонија
Next Post

За еден час работа во ЕУ просечно се плаќа по 30,50 евра, најмногу се плаќа во Луксембург

Shortcut

Најново

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk