Општина Центар и оваа година ќе организира настан „Прослава на роденденот на Горан Стефановски“.
Годинешното одбележување ќе биде потенцирање на неговата љубов кон рокенролот и по тој повод ќе биде изведен музичко-драмски перформанс кој ќе вклучува извадоци од неговата театарска претстава „Лонг плеј“. На перформансот ќе настапат артистот Александар Микиќ, заедно со музичарите Мирко Попов, Дина Јашари, Марија Каева и Владан Дробицки, во режија на Јордан Симонов, а градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ќе ги поздрави присутните со краток пригоден говор.
Прославата на роденденот на Горан Стефановски ќе се одржи утре, четврток (27.4.2023), со почеток во 13:00 часот, на скверот „Јас и ти“ во Дебар Маало (спроти Општина Центар).