ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2023 година

April 27, 2023 10:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка постојано дава поддршка за истражувачката активност и придонесува за унапредување на знаењето и поттикнување на научната и креативната мисла, што е основа и за осмислување и водење здрави економски политики. Нашата цел е да ги поддржиме младите економисти да создаваат нови идеи и иновативни решенија за предизвиците во економијата. Истовремено, го нагласуваме значењето на научната мисла кај младите лица кои се идни носители на политиките. Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска при доделувањето на плакетата за прва награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството, којашто годинава ѝ е доделена на Александра Данева за трудот: „Поврат на акции, ризик и карактеристики на претпријатијата на пазарите во развој: Емпириски докази од Македонската берза”.

Александра Донева се има стекнато со Меѓународна диплома за економија и бизнис на Универзитетот Еразмус во Ротердам, Холандија. Денес, своето знаење го надградува со работно искуство како финансиски аналитичар во Друштвото за управување со отворени инвестициски фондови „ВФП Фонд менаџмент” АД Скопје.

Наградениот труд ги испитува карактеристиките на фирмите коишто влијаат врз приносите од акциите и ја моделира променливоста на индексот на Македонската берза. Притоа, приносите на индексот и карактеристиките на фирмите се споредуваат со примерот на Словенија, како земја на повисоко ниво на развој.

Одборот за оценување, со кој годинава претседаваше вицегувернерката Ана Митреска, чии членови беа Билјана Давидовска-Стојанова, директорка и Гани Рамадани, самостоен советник во  Дирекцијата за монетарна политика и истражување, дадоа највисока оценка за наградениот труд, раководејќи се, меѓу другото, од релевантноста на истражуваното подрачје, соодветноста на користениот статистичко-економетриски пристап и дадените заклучоци и препораки.

Народната банка презема бројни активности со кои ја поттикнува научно-истражувачката мисла во областа на макроекономијата и банкарството. Така, досега се одржани 46 сесии на Клубот на истражувачите, каде што истражувачите имаат можност да ги презентираат своите трудови.  Покрај ова, централната банка ја доделува и Годишната награда за млади истражувачи, којашто годинава  се доделува по седумнаесетти пат. Со наградата за истражувачки труд, Народната банка ја мотивира младата популација за унапредување и развој на истражувачката и аналитичката работа во областа на економијата.   

Tags: ИстражувачинаградаНародна банка
Next Post
Насилен упад во Македонското собрание, 27 април 2017. Фото: picture-alliance/dpa/B. Grdanoski

Сатира за 27 април

Најново

Илустрација Фронтлајн

Трамп жестоко удри и по Фокс Њуз: Ова е причината зошто МАГА републиканците ве мразат

May 11, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 11 мај 2026: Ден за интуиција и внатрешен мир

May 11, 2026
Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk