Не е точно дека поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски ќе биде амбасадор во Париз.
Од извори во Владата дознаваме дека информацијата дека Васко Ковачевски ќе биде именуван за амбасадор во Пaриз е шпекулација, веројатно пласирана преку портали блиски до опозицијата.
Вработен сум во АД ЕСМ. Прво ќе го земам одморот од 20 дена, а потоа по проценка на новиот менаџмент на ЕСМ и министрите ќе процениме каде ќе биде моето место во компанијата. Она што го протежирам е да се посветам пред се на семејството, односно на моите две деца кои имаат потреба од мене за иден раст и развој односно доообразование, истакна Ковачевски на прес-конференцијата во образложение на оставката.