„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски водат хајка против изградбата на коридорот 8и коридорот 10Д, водат хајка против реномирана американска компанија како што е Бехтел“, соопштуваат утрово од СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на провизии и промашени прокети за автопати, денес е против најголемата инвестиција во инфраструктурата вредна 1,3 милијарди евра од кои 51 отсто ќе завршат во домашните компании.
30 години државата ја чека изградбата на Коридорот 8 и е зависна од солунско пристаниште.
Чиј монопол штити ВМРО-ДПМНЕ со противењето на изградбата на коридорите? Дали е тоа една фирма којашто единствено има претставништво во солунско пристаниште?
Зошто ВМРО-ДПМНЕ е против нашите компании да можат да се снабдуваат од пристаништата во Бургас и Драч?“, прашаа од Бихаќка.