Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип изјави дека во приватниот сектор има позитивни пресуди во корист на работниците, преку форми кои ги овозможува законот.
Посочува дека фирмите се претставуваат како затворени или неликвидни со што не може да се наплатат паричните побарувања од страна на работодавачите.
Ампева порача дека е важно навремено да се преземат сите постапки за што е потребно работниците навремено да бидат информирани за своите права.
-Проблематично е што работниците чекаат, не ги искористуваат роковите. Проблематично е тоа што на крајот остануваат без неколку плати, фирмата оди во стечај, во ликвидации. Секакви форми смислуваат, а на крајот работниците се оние коишто остануваат оштетени. Затоа и апелот е да не чекаат, плата се пушта до 15. наредниот месец, придонесите заедно со тоа. За жал, системот на УЈП сѐ уште дозволува каснење на плата, сѐ уште дозволува исплата под минималец, вели Ампева.