ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ССМ бара покачување на сите плати за 78 отсто

May 1, 2023 14:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Зголемувањето од речиси 80 отсто на платите на политичарите и функционерите и предвидените 60 часа неделно за изградба на коридорите 8 и 10д беа во фокусот на синдикалните обраќања на годинашниот првомајски протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), кој побара достоинствена плата и фер услови за сите.

Протестот на членството, поддржан од граѓани, почна пред седиштето на ССМ, продолжи кон Собранието и заврши пред Владата. На пратениците и на извршната власт им порачаа дека „не е исто покачување од 2.000 денари на година и 2.000 денари на ден“ и оти „Работниците се државата“ – како што гласеше и слоганот на денешниот протест за Денот на трудот.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски пред Владата рече дека функционерите „си ги покачија платите за 78 проценти, а нас нѐ убедуваат дека 2.000 денари е доволно да преживее македонскиот работник“.

– Со две илјади денари работникот не може да го издржи месецот, додека некои со 78 отсто си го поминуваат месецот лежерно и убаво. Ние, работниците, не се откажуваме – како за нив, така и за нас. Нека ги намалат и тие платите и ние нема да бараме. Но, интенцијата е да се зголемат платите на сите работници, бидејќи гледаме во какво време-невреме живееме и колку се потребни тие пари. Пазарат по продавници и нѐ лажат дека цените се намалени, но ние сме секој ден таму и тоа не се случува. Го повикувам македонскиот работник, пензионер, народ, да излезе и да се сплоти и да им кажеме „не“ на овие што не мислат на нас и си гледаат само за себе, истакна Димовски.

Тој порача дека не го креваат работничкиот глас само денеска, туку борбата продолжува и утре.

– Имаме работни средби каде јасно ќе кажеме за Општиот колективен договор: К-15 за сите, 78 проценти покачување за сите, рече синдикалниот лидер.

Претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи, здруженија на граѓани (УПОЗ), Трпе Дејановски праша за кој труд претставниците на Владата си ги зголемиле платите за 800 евра во најголема инфлација.

– И што добивме ние од тоа? Триесет и две години ги гледаме како исплаќаат дневници и патни трошоци, а 32 години македонскиот работник нема добиено ништо. Две илјади денари покачување на година, две илјади денари покачување на ден не е исто, 2.500 евра плата и минимална плата не е исто. Синдикална минимална кошничка од 51 илјада денари, па кој може да преживее? Кој ги прима тие плати во Македонија? Мора да се изедначиме, не може да прифатиме ништо освен истата пресметка на плата како што тие си ја земаат, рече Дејановски.

Тој порача дека работниците треба да бидат обединети и единствени и секој ден да излегуваат на протести за да го добијат тоа што го бараат.

– Без масовност и единство ќе нѐ играат како што сакаат. Мора ова да биде почеток на една голема синдикална пролет, рече претседателот на УПОЗ.

И на пратениците им порачаа дека наместо народни, „сѐ повеќе се ненародни избраници“ и дека работниците паметат сѐ што тие прават и не прават за нив.

Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП), Иван Пешевски рече дека пратениците не треба да заборават дека „од нашата пот го јадат нивниот леб и ги хранат семејствата“.

Пред законодавниот дом тој остави градежнички шлем и ги повика пратениците тие да работат 60 часа затоа што, рече, „ние се изборивме за 40“.

– За нас немаше ни 8 отсто покачување на платите. Не им го забораваме ниту Предлог-законот за 60 часа работна недела. Ако мислат дека ние сме робови и ќе гинеме на градилиштата, ги повикувам да градат со нас, повика Пешевски.

Игор Герасов од Синдикат на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) додаде дека со шеесетте часа работна недела ги уназадуваат правата кои се изборени уште пред 150 години од американските работници.

– Во 19 век на денешен ден нашите колеги во Америка се организираа токму за тоа, да се намали работното време на 40 часа неделно. Нема да дозволиме во 21 век, по 150 години, македонскиот работник да го враќаат во 19 век. Ако треба секој ден ќе бидеме пред Владата и пред Собранието, истакна Герасов.

Tags: платипротестССМ
Next Post

Приведен 47-годишник осомничен за кражба во угостителски објект во Гостивар

НАЈНОВО

Фото: МИА

Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата на Полска со Украина

August 20, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk