ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Тиквеш“ ја донесе првата современа мобилна полнилница за вино во земјава

May 3, 2023 12:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Винарската визба „Тиквеш“ воведе уште една технолошка новина во македонската винска индустрија – мобилно полнење на вино. Употребата на оваа технологија, која за првпат се применува во Македонија, но и пошироко на просторот на Западен Балкан, има големо значење за натамошното унапредување на квалитетот на вината произведени во винарници кои се наоѓаат во рамки на поседот каде се одгледува грозјето, т.н. бутик-винарници.

Пристигнувањето на првата мобилна полнилница за вино во Македонија е резултат на долгогодишната соработка на „Тиквеш“ со светски познатиот италијански производител на опрема за полнење на вино – „GAI“.

Првите вина што се наполнети со помош на оваа современа мобилна опрема се вината кои се произведуваат на поседот „Domaine Lepovo“, каде е лоцирана и истоимената бутик-винарница. Во неа се произведуваат вина  што се дел од бренд-платформата „Tikveš Châteaux & Domaines“.

Главната придобивка од употребата на мобилната технологија и опрема за полнење е во тоа што со неа се овозможува виното да се наполни во шишиња онаму каде што и се произведува, односно на самиот посед. На ваков начин со овозможува виното да го задржи својот висок квалитет, бидејќи се избегнува неговиот транспорт до оддалечените постојки за полнење.

„Полнењето претставува исклучително важен дел во процесот на производството на вино. Со неговото полнење на истата локација каде што тоа се произведува, преку користење на квалитетни и софистицирани мобилни линии кои ги задоволуваат највисоките стандарди, се задржува интензитетот на аромите во виното, се продолжува неговиот животен век т.е. времето на одлежување во шише, а виното успева многу подолг временски период да ја задржи свежината и автентичните карактеристики на поднебјето каде што се произведува“, објаснуваат енолозите на „Тиквеш“.

Ова е уште една од серијата технолошки новини што ги воведува „Тиквеш“ кои треба да придонесат за натамошно унапредување на целиот процес на производството на висококвалитетни вина согласно светските стандарди и барањата на потрошувачите на домашниот, а особено на странските пазари.

Tags: „Тиквеш“Винарија
Next Post

Пендаровски: Ќе ја причекам парламентарната расправа, потоа ќе се произнесам за сите осум закони поврзани со „Бехтел и Енка“

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk