Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Финска, каде со лидерите на нордиските земји ќе разговара за војната со Русија и европските односи, соопштија владите на неколку земји во тој регион.
Во соопштението на шведската влада се наведува дека теми на самитот се руската војна против Украина, континуираната поддршка на нордиските земји на Украина, односот на Украина со ЕУ и НАТО и „украинската иницијатива за праведен мир“.
Зеленски ќе се сретне со финскиот претседател Саули Нииниста, како и со премиерите на Шведска, Норвешка, Данска и Исланд.