Универзитетскиот професор Абдулменаф Беџети во интервју за „Локално“ вели дека го охрабруваат потребата од започнување на Коридорот и изборот на изведувач, односно дека тие самите нема да дозволат да си го нарушат сопственото реноме и да ги загрозат сопствените референци добиени насекаде низ Европа, само заради овој проект.
Во однос на предлогот на ВМРО ДПМНЕ за раскинување на договорот со „Бехтел и Енка“, Беџети вели:
-Не би ги коментирал мотивите зошто сега ВМРО ДПМНЕ излегува со ваков предлог кога тоа не го направија ведаш откако цела јавност слушна како тие го направиле договорот за сегментот Кичево-Охрид, кој се гледа како се реализира и по динамика и по вредност на договорот. Да беа истите реакции и за тој дел, апсолутно ќе бше легитимно тоа да го бараат и сега.Но…Последиците не би ги коментирал затоа што јас не верувам во таа опција, кажа Беџети.
Тој додаде дека Коридорот ќе се реализира и тоа ќе биде модел за во иднина, со какви изведувачи треба да се преговара.
-Не вели џабе народот сиромавиот плаќа поскапо! Е тоа ни се случува речиси со сите досегашни проекти. Па зарем толку кратко паметење имаме што се случува во одредени делници на Коридорот 10, со тогашнио Актор, и др. Грчки или пак домашн фирми? Или пак проектот со пругата Бељаковце- бугарска граница за кој речиси се потрошени почетните предвидени инвестициски износи( околу 250 милиони долари) а проектот за 30 години не е реализиран ниту 30%, дури во некои сегменти и се плаќаше за конзервација на домашни компании! До каде се тие денеска со реализацијата?, истакна Беџети.