ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дискусија за надворешната и безбедносно-одбранбената политика како дел од процесот за креирање на Националната развојна стратегија

May 4, 2023 12:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Денеска се одржа визионерска работилница со фокус на заедничката надворешна и безбедносно-одбранбена политика, како дел од консултативниот процес за креирање на Националната развојна стратегија.
На денешната визионерска работилница се обрати министерката за одбрана Славјанка Петровска која истакна дека „Потребата од еден ваков стратешки документ каков што е Националната развојна стратегија е показател за сериозниот пристап кој го има Владата во трасирање на развојниот пат на државата во следните 20 години. Ваквиот пристап обезбедува широка консултација и постигнување сеопфатен консензус меѓу сите чинители важни за општествениот развој во трасирањето на визијата за тоа како државата треба да се развива во наредните две декади”.
На визионерската работилница учествуваа голем број претставници од различни министерства, агенции, приватни компании, експерти и невладини организации кои дадоа свој придонес во дискусијата. Заеднички се работеше на предефинирани теми и беа понудени решенија односно активности со кои во иднина би се работело на решавањето на предизвиците поврзани со безбедносно-одбранбената политика, со кои се соочуваме како држава.
Оваа работилница е важен чекор кон создавање побезбедна и посигурна иднина за земјата, и е еден од ретките примери на заедничко, интердисциплинарно, наднационално и надполитичко заедничко делување во насока на креирање на Националната развојна стратегија.
Како активност оваа работилница претставува голем и важен чекор кон создавање побезбедна и посигурна иднина за земјата, а присуството на широк круг од учесници од различни области гарантира дека Националната развојна стратегија ќе биде детална и сеопфатна, со цел да се заштитат интересите и безбедноста на граѓаните на Република Северна Македонија.
Оваа работилница е една од над триесет визионерски работилници на кои во изминатиот период околу 3.000 учесници дискутираа на 23 теми од суштинско значење за идниот развој на државата. На овој начин, преку инклузивен процес се вклучуваат сите засегнати чинители, со цел да се постигне заедничко, интердисциплинарно, наднационално и надполитичко креирање на Националната развојна стратегија, која треба да го исцрта патот за развојот на државата во следните 20 години.
Tags: безбедносно-одбранбената политикадискусија
Next Post

Чествувањето на Денот на македонскиот јазик ќе започне на УКИМ

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk