Две лица загинаа кога воен авион МиГ-21 на индиското воено воздухопловство се урнал врз нивната куќа во западниот дел на земјата, соопшти денеска полицијата.
„Пилотот преживеа и не беше повреден. МиГ се урнал врз куќата. Две лица загинаа, а тројца се повредени“, изјави претставник на полицијата во државата Раџастан.
Индиското воено воздухопловство ја потврди несреќата и катапултирањето на пилотот.
МиГ-21 се урна за време на рутинска обука.