ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ПФД2023 Пред – настан „Патот кон 2030“

May 8, 2023 08:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија денеска ќе одржи панел дискусија за ПФД2023 насловена „Патот кон 2030″.

Панел дискусијата ќе претставува воведен настан на третото издание на ПФД2023 и ќе се одржи на 08 мај 2023 година во Амфитеатарот на Министерството за надворешни работи.

„Процесот на проширување на ЕУ, од гледиште на земјите кандидати за членство во ЕУ и земјите коишто се веќе во пристапната фаза, во последно време забележи одредени исчекори. Северна Македонија и Албанија ги почнаа пристапните преговори, додека Босна и Херцеговина, Украина и Молдавија добија кандидатски статус. Меѓутоа, и покрај овие позитивни придвижувања, се уште се присутни пречки на трнливиот пат до Брисел.

Во овие сложени и непредвидливи околности, Министерството за надворешни работи на Северна Македонија го подготвува третото издание на Преспанскиот форум за дијалог 2023 (ПФД2023), насловено „Проширено европско семејство до 2030 година: (не)возможна мисија?“, коешто ќе се одржи на 15 и 16 јуни 2023 година во Струга, живописен град на брегот на Охридското езеро.

Согласно воспоставената традиција и како предвесник на ПФД2023, Министерството за надворешни работи организира пред-настан насловен “Патот кон 2030“ којшто има за цел размена на аналитички размислувања и идеи коишто би послужиле како важен придонес за дискусиите на сесиите и панелите на ПФД2023/

Имајќи ги предвид глобалните и регионалните предизвици со коишто се соочуваме, би сакале дискусиите на овој пред-настан да се фокусираат на способноста на ЕУ да дејствува како глобален стратешки чинител со, меѓу другото, и завршување на процесот на интеграција во ЕУ. Една од најважните грижи на граѓаните на Западниот Балкан е зачленувањето во ЕУ. Најголем дел од граѓаните посочуваат дека процесот е предолг и прилично неправеден, при што искажуваат и сомнежи во кредибилитетот на ЕУ и нејзините неисполнети ветувања. Јавната поддршка за интеграцијата во ЕУ драстично е намалена.

Би можеле ли сите заедно, после 20 години од Солунскиот самит, да ја промениме парадигмата на процесот на проширување и неопходноста од стратешко будење со тоа што ќе ја поставиме 2030 година за заедничка цел за пристап во ЕУ? А, во меѓувреме и во функција на потребата од конкретни и оперативни чекори насочени кон забрзување на ЕУ интеграцијата на регионот со фокус на неговиот социјално-економскиот раст – односно повеќе интеграција пред членството во ЕУ – кои кредибилни чекори кон забрзување и постепено проширување на евро-интегративниот процес би можеле да бидат преземени?

Имајќи ја предвид новата француско-германска иницијатива за реформа на ЕУ, каково влијание истата би можела да има во делот на политиката за проширување, особено ако се има предвид дека оваа политика зависи од волјата на едногласноста? Во колкава мерка проширеното европско семејство до 2023 би можело да придонесе кон зајакнувањето на трансатлантската безбедност и обликувањето на новиот евроатлантски безбедносен систем?“, се вели во најавата на настанот.

Tags: „Патот кон 2030“
Next Post

Објавени три повици за аплицирање за дел од програмите на Фестивалот 44.ИФФК „Браќа Манаки“

НАЈНОВО

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk