СДСМ ги поддржува измените на Изборниот законик, со оглед на тоа дека ние од СДСМ бевме првата политичка партија којашто во својата програма уште во 2016 година внесе предлог за една изборна единица. Ги поддржуваме законските измени којшто се во делот на препораките од ОБСЕ и ОДИХР, одговори денеска на новинарско прашање Миле Талевски, пратеник на СДСМ.
„Во делот на прагот, во делот на отворените листи и со оглед на тоа дека Изборниот законик секогаш се носел со консензус апелираме преку дебата, преку дијалог во работната група да се утврдат потребата од отворени листи, потребата од праг. Битно е да се дискутира и зеднички како политички партии да го предложиме Изборниот законик и да го изгласаме тука во Собранието“, истакна Талевски.