ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Партнерството со САД е мотор и мотиватор на нашата интеграција

May 10, 2023 10:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Битиќи/Фото:Влада.мк

Битиќи/Фото:Влада.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Гордост и чест се силните признанија и поддршка за Северна Македонија што денеска ни пристигнаа од Вашингтон, директно од државниот секретар на Соединетите Американски Држави Ентони Блинкен, на средбата и со нашиот премиер Димитар Ковачевски, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Според него, традиционално добрите односи меѓу Северна Македонија и САД од минатата година се унапредени во стратешки дијалог што, како што додаде, е највисокиот формат на соработка на оваа земја во билатералните односи со суверените демократски држави.

-Со САД сме партнери во споделувањето на највисоките заеднички демократски вредности и во почитувањето на човековите права. Државниот секретар Блинкен исклучително отворено и директно ја изрази длабоката почит на Вашингтон за начинот на кој Северна Македонија претседава со ОБСЕ во исклучително драматичен и безбедносно предизвикувачки период, што ја прави нашата земја доверлив и сигурен партнер со кој се менаџираат прашања од највисок интерес за меѓународната безбедност. Ова длабоко взаемно почитување и негување на билатералните односи е силна мотивација и за економската соработка за која државниот секретар Блинкен јасно потенцираше дека Северна Македонија ја има силната поддршка за стратешките инфраструктурни проекти кои ќе ја стават земјата на високо рамниште во процесот на интеграцијата во членство во ЕУ, смета Битиќи.

Тој истакна дека сите ние треба да ги прифатиме како признание и заложбите на САД за унапредување на енергетска безбедност за Северна Македонија.

-Многу е важно што можеме и понатаму да сметаме на поддршката на Америка во изградбата на идните големи инфраструктурни проекти во делот на енергетиката. Партнерството со САД е мотор и мотиватор на нашата интеграција преку која македонската иднина ја правиме подобра, пишува вицепремиерот.

Tags: БитиќиМакедонијаСАД
Next Post
Фото: ЕПА

Јокиќ рекордер кај центрите во НБА по трипл-дабл во плејофот

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk