„Силна поддршка доби земјава од нашиот најважен и најголем сојузник САД, за време на посетата на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски и средбите со високите државни претставници на Соединетите држави“, вели денеска на прес Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
„САД биле и остануваат најважниот и најголем сојузник на нашата држава, кој го цени придонесот на Северна Македонија во зачувувањето на регионалната, но и на глобалната безбедност и стабилност како членка на НАТО, но и како земја претседавач со ОБСЕ.
Сето тоа е потврда за успешните државнички политики на СДСМ и претседателот Ковачевски и мотив плус, соработката со стратешкиот партнер САД, дополнително да се интензивира.
Исклучително важна за нас е пораката дека САД силно ќе ја поддржат европската иднина на земјава, реформите и чекорите за полноправно членство во ЕУ.
Оваа порака доаѓа во период кога веќе успешно тече скрининг процесот а потребни се чекори во македонското Собрание за продолжување на преговорите со ЕУ до полноправно членство.
Веќе е формирана и експертска работна група за текстот на амандманите за потребните уставни измени како еден од чекорите“, вели, меѓу другото, Каевски.