ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

„Магна“ отвара втора фабрика во земјава, нови 600 работни места

May 11, 2023 13:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 600 работни места ќе бидат отворени за околу една година со новата инвестиција на канадската компанија „Магна“, која по отворањето на фабриката во Струга, денеска официјално го означи почетокот на својата втора инвестиција во Штип.

Според премиерот Димитар Ковачевски, денешниот настан е доказ дека во земјава има поволна бизнис клима за привлекување на странски инвестиции и за развој на постоечките странски инвестиции.

-Оваа инвестиција ја надополнува листата на најзначајните големи инвестиции од светски реномирани компании кои ја одбираат токму нашата земја како нивна инвестициска дестинација. Ова е јасен сигнал дека Северна Македонија нуди поволен и предвидлив деловен амбиент за компаниите за нови инвестиции. Тоа е резултат на нашите стратешки политики како што е членството во НАТО и почетокот на преговорите со Европската унија, рече Ковачевски.

Доаѓањето на познати странски компании, како што рече Ковачевски, значи повисок инвестициски рејтинг на државата, отворање на нови и подобро платени работни места и можности за докажување на стручноста на нашите граѓани.

– Со заедничкиот концепт на Владата и на ТИРЗ, и во време на глобални предизвици постигнавме договори од над 850 милиони евра инвестиции што е речиси две третини од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години, истакна Ковачевски, посочувајќи дека бројот на вработени во ТИРЗ зоните во април бележи раст и е за 15 проценти повисок од април лани, а зголемен е и извозот од ТИРЗ зоните за 12 проценти споредено со април лани.

Пораст, како што рече Ковачевски, е забележан и во приливот што овие странски инвестиции во Буџетот на државата така што тие уплатиле за 35 проценти повеќе средства лани во споредба со 2021 година. – Односно за едно евро исплатено од државата, компаниите назад во Буџетот враќаат најмалку четири евра, рече Ковачевски.

Потпретседателот на „Магна Интернационал“ Дејвид Креспи рече дека втората нивна фабрика во земјава претставува уште една одредница на нивното патување кон проширување на нивната работа и способности во регионот, како и поддршка на клиентите со иновативни производи од светска класа.

– Благодарни сме за поддршката што ни ја дава Владата и остануваме посветени на истражување дополнителни можности за раст, рече Креспи.

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски нагласи дека е задоволство по една година преговори да се присуствува на камен темелник за новата фабрика на „Магна Мехатроникс“.

– Со оваа инвестиција обезбедуваме право на пристоен живот за најмалку б00 наши сограѓани од овој регион со плати 20 проценти над државниот просек. Ова е пример и вистински модел на соработка на одговорни политичари и институции преку кои покажуваме дека може да испорачаме конкретни резултати за граѓаните, изјави Деспотовски.

„Магна Интернационал“ е една од реномираните светски компании, која е специјализирана да дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите позначајни производители на автомобили во светот.

Tags: МагнаМакедонијаТИРЗ
Next Post

Ковачевски: Во доментот на шпекулации е депонирањето на мојата оставка

НАЈНОВО

Во Тирана протест против законот за родова еднаквост

November 16, 2025
ВИ актерка

(ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

November 16, 2025

10 славни мајки и ќерки кои го делат холивудскиот сјај

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска сè поблиску до Оскар по двојната номинација на Cinema Eye Honors

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk