„Водиме“, гласи краткиот твит на турскиот опозициски лидер и претседателски кандидат, Кемал Киличдароглу.
Öndeyiz.
— Kemal Kılıçdaroğlu (@kilicdarogluk) May 14, 2023
Неговата реакција доаѓа по новите прелиминарни извештаи од државната новинска агенција Анадолу, дека од околу 40 отсто пребројани гласови, води Ердоган со 52,70 отсто, пред Киличдароглу, со 41,39 отсто.
И на официјалниот Твитер профил на партијата на Киличдароглу, Републиканска народна партија, се појави твит во кој тврдат дека „во моментов сме во водство“.
“We are currently in the lead.” https://t.co/tKay3xW5zU
— CHP Global (@chp_en) May 14, 2023
Ако се има предвид дека разликата со пребројани 40 отсто од гласовите е далеку помала од онаа кога беа пребројани само околу 10 отсто од гласовите во нешто по 18 часот, веројатно е оправдан оптимизмот на тимот на Киличдароглу. Во тој момент, со 10% пребројани гласови, Ердоган беше во предност со 58,34 отсто од гласовите, наспроти 35,84 отсто за Киличдароглу. Сега таа разлика е далеку помала.
Џ. Д.