Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги повикува сите заинтересирани поединци, припадници на дијаспората, кои имаат интерес да бидат дел од проектот МКАРТА, да достават кратка биографија и мотивациско писмо на електронската пошта [email protected] со наслов МКАРТА, најдоцна до 1 јуни 2023 година.
Напоменуваме дека сите пристигнати апликации по крајниот датум, ќе бидат земени во предвид при следната селекција.
Да потсетиме, проектот МКАРТА е конципиран како поширока мрежа која би била вклучена во општествените текови во државата и претставен е во мај 2021 година. Со овој повик Министерството за надворешни работи планира да ја прошири листата на истакнати личности од дијаспората, кои имаат дадено „посебен придонес за подобрување на односите на Република Северна Македонија со дијаспората или државата во која престојуваат, за подобрување на меѓународниот углед на Република Северна Македонија или се меѓународно познати и признати професионалци во својата струка”.