На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкција, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.