ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Во МКЦ промоција на книгата „Гаја и градината“

May 15, 2023 12:37
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Вечерва во ЈУ Младински културен центар (МКЦ) со почеток во 19 часот ќе се случи втора по ред промоција на книгата „Гаја и градината“.

Книгата е заедничко дело на Ева Божиновска, авторка на текстот и ученичка во С.У.Г.С.,,Никола Карев” во Скопје, како и авторките на илустрациите Елена Апостоловска, Мирјана Спасоска и Јана Стефановска, ученички во втора година во средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски” во Скопје на Одделот за мултимедија.

Текстот на Ева Божиновска зборува за враќањето кон природата и вредностите на градинарството во еден дистописки урбан свет.

Книгата е заедничко издание на ЈУ Младински културен центар (МКЦ) и Проектниот простор Прес ту егзит од Скопје. Уредници на книгата се Христина Иваноска и Јане Чаловски, а графичкото уредување е на Русе Арсов. Ментори во проектот беа Душица Димитровска (илустрација), Хајан Алхалаби (пермакултура), Кристина Горовска (графички дизајн), Илиана Петрушевска (визуелна уметност).

Книгата „Гаја и градината“ е резултат на активното вклучување на младите во креирање на содржина на грижлив пристап кон природата преку интердисциплинарна едукативна програма.

Финансиска подршка за проектот е обезбедена од годишната програма на Проектниот простор Прес ту егзит насловена „Недисциплинирано: Интердисциплинарни модели на истражувачка уметничка практика“ и меѓународниот проект „Big Time Takeover“ под водство на МКЦ и координација на Маргарита Арсова, во рамки на Ерасмус + програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската унија за стратешки партнерства, кои вклучуваат образовни програми за млади.

Од самиот почеток МКЦ соработува со уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски со цел да развие современ интердисциплинарен, уметнички и едукативен концепт и програма, која ќе ги опфати сите клучни цели и насоки на проектот. Од овој дијалог произлезе проектот „ГРАДИДНИНА: Градината како инструмент, пермакултура како методологија“ развиен во соработка со Хајан Алхалаби, познавач во областа на пермакултурата и соработник на граѓанската иницијатива „Бостание“, кој е вклучен како експерт и едукатор во создавање на првата институционална пермакултурна градина во Скопје.

„ГРАДИДНИНА“ има за цел да ги поттикне младите (на возраст од 14 до 18 години) во три клучни области: 1. креативно изразување преку уметнички пристап кон природата, 2. користење дигитални алатки во процесот кон пермакултурното градинарство, и 3. развивање одговорност за својот посед и принос од работата. Главната цел е воспоставување на холистичка синтеза од различни пристапи за креативно поттикнување на младите, инспирирани од големото искуството на партнерите во проектот на локално, регионално и национално ниво.

Tags: „Гаја и градината“МКЦ
Next Post

Поскапува дизелот и ЕУРОСУПЕР БС-95

Shortcut

Најново

Роботи во здравството (фото извор: Edge Medical)

Европски успех на домашно тло: Прва „Single Site“ роботска операција во земјата

June 11, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk