Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ќе престојува во работна посета на Црна Гора, каде ќе се оддржи министерска конференција на земјите од Западен Блакан во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница и ЦЕФТА.
Во рамки на Конференцијата, ќе се потпише Анекс на Одлуката на Европската Комисија за разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Северна Македонија.
Со потпишувањето на овој документ Коридорот 8 станува дел од мапата на главните коридори на Западен Балкан, во рамки на проширувањето на Транс-европските транспортни мрежи на Европската Унија, соопштија од министерството.