ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Објавен јавен повик за поднесување на барања за поддршка на развојот на земјоделските задруги

May 17, 2023 13:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го објави јавниот повик од новата Програма за поддршка на развојот на земјоделските задруги за 2023 година.

Ова е нова програма, која за прв пат е донесена оваа година и со нејзиното спроведување се очекува системско подобрување на работењето на земјоделските задругите и развој на задругарскиот сектор со зголемување на нивната пазарна конкурентност. Ова ќе придонесе земјоделските задругите да си го најдат своето место во секторот. Ќе се создадат силни задруги кои ќе бидат пример за добра пракса кај нас, а со тоа ќе се поттикне интересот на земјоделците за нивно зачленување во земјоделските задругите.

На јавниот повик право на учество имаат земјоделските задруги кои се запишани во Регистарот на земјоделски задруги во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Висината на финансиската поддршка согласно Програмата за поддршка на развојот на земјоделските задруги за 2023 година изнесува најмногу до 700.000,00 денари по корисник со вклучен ДДВ за трошоци за набавка на механизација и опрема за инвестиции за примарно земјоделско производство и најмногу до 1.500.000,00 денари по корисник со вклучен ДДВ за трошоци за набавка на опрема, маркетинг услуги и услуги за достигнување на стандарди за инвестиции за преработка на земјоделски производи.

Доделувањето на неповратна финансиска поддршка се врши врз основа на следните критериуми кои се бодуваат според број на вработени во земјоделската задруга; број на членови во земјоделската задруга; имот (земјиште) или пчелни семејства кои ги користат членовите на земјоделската задруга; поседување на недвижни и/или подвижни ствари или договор за закуп на недвижни и/или подвижни ствари поврзани со реализација на бараните проектни активности; вкупен приход на земјоделската задруга од Билансот на успех за 2022 година; број на планирани нови работни места утврдени од деловниот план поврзани со потребата од бараните проектни активности; учество на жени и млади земјоделци во вкупниот број на членови на земјоделската задруга; млад земјоделц до 40 години; жена земјоделка и земјоделски задруги со седиште во рурални средини лоцирани во “Планински” области (над 700 м).

Најголем број на бодови што може да ги добие земјоделската задруга изнесува 100 бода.

Еден корисник може да поднесе само едно барање за доделување на финансиска поддршка согласно овој јавен повик и Програмата.

Барањето заедно со документите се доставува во затворен плик преку препорачана пошта на адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта трети број 2, 1000 Скопје или со предавање во писарницата на Министерството секој работен ден од 9.00 до 15.00 часот.

Крајниот рок за поднесување на барањата е заклучно со 17 јуни 2023 година.

Tags: земјоделски задругиМЗШВ
Next Post

Иста методологија за плати за сите во јавниот сектор, порача Битиќи

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk