Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ лицата денеска ќе го одбележи 17 Мај – Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија.
На настанот во Собранието најавени се обраќања на координаторкта на ИППГ за унапредување на правата на ЛГБТИ лицата, Маја Морачанин, евроамбасадорот Дејвид Гир, американската амбасадорка Ангела Агелер и Лила Милиќ од Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“.