За овој мандат како министер до 2024 година, Благоја Бочварски планира да се вози по автопатот Кичево – Охрид и Градско – Прилеп. Се надева и дека изградбата на новите делници од Коридорите 8 и 10д ќе оди брзо.
„Пред нас имаме уште една долга градежна сезона во која очекувам да работиме максимално како и до сега. Очекувам новите автопатски делници на Коридор 8 и 10 д, да се градат со брзо темпо бидејќи тука овозможуваме фазна градба, паралелно проектирање и изградба на терен. Исто така ќе започне и градбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце. Очекувам да возиме по автопатот Кичево – Охрид, по експресните патишта од Градско кон Прилеп и од Ранковце до Крива Паланка. со што еден голем дел од критичните црни точни ќе бидат елиминирани. Очекуваме инвестиции во голем обем, а вие ќе се уверите дека сето ова што го спомнувам добива на силен интензитет на терен. Северна Македонија има само еден пат, а тоа е европскиот и затоа мора европски да се однесуваме и да градиме модерна и просперитетна држава“, порача Бочварски во интервјуто за „Бриф“.