Времето и утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови, каде ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Во петок и сабота ќе преовладува сончево и топло време. Од недела следува период на нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.