ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заврши училишната Лига Центар 2023, награди и стипендии за најдобрите тимови и ученици

May 17, 2023 11:12
in ДЕНЕС, СПОРТ

Во спортската сала на ООУ „11 Октомври“ во Општина Центар, се одржа свечено затворање на Лига Центар 2023 и со финален натпревар во ракомет се одбележа крајот на училишните спортски натпревари што се реализираат од минатата година.

На настанот присуствуваа деканката на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Ленче Алексовска Величковска, директорот на Агенцијата за млади и спорт и поранешен репрезентативец во ракомет, Наумче Мојсовски, селекторот на млада фудбалска репрезентација до 17 години и поранешен фудбалер и тренер, Вујадин Станојковиќ, претставник од Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Ѓорѓи Чековски, поранешен репрезентативец и актуелен тим-менаџер на сениорската кошаркарска репрезентација и Едина Муса, кошаркарка и советничка во Општина Центар.

Општината ги награди најдобрите училишни тимови и најдобрите играчи на натпреварите во Лига Центар 2023 со пехари, медали, дипломи и парични награди, Фудбалската федерација на Северна Македонија донираше спортска опрема за наставниците по спорт во сите основни училишта во Општина Центар, а беа доделени и спортски реквизити од Федерациите и Агенцијата за млади и спорт.

Спортските игри Центар 2023 традиционално се организираат и се реализираат под покровителство на Општина Центар. Учениците се натпреваруваат во лига-систем по Бергеров модел во повеќе дисципини, односно кошарка, фудбал, ракомет, одбојка, крос, пинг-понг и во други спортски активности. Општината ги наградува наставниците со 5.000 денари, а за освоено
прво, второ и трето место по спортска дисциплина се добиваат парични надоместоци од 10.000, 8.000 и 6.000 денари, додека најдобрите играчи и стрелци на натпреварите се стипендираат со 3.000 денари во период од осум месеци.

Општината дава поддршка за развој на спортот и негова промоција во разни спортски дисциплини. Покрај спортско-рекреативните содржини наменети за учениците, се доделуваат спортски стипендии за талентирани спортисти и финансиски се поддржуваат спортски клубови, спортисти поединци, спортски институции, здруженија и други организации.

Tags: наградинајдобри тимови и ученицистипендииучилишна Лига Центар 2023
Next Post
Фото:Филхармонија

Рецитал на пијанистот Дино Имери во Филхармонија

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk