ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јапонската традиционална и поп-култура никогаш поблиску до македонската публика: хаику, оригами, калиграфија, роботика, аутомата, каракури, косплеј и манга работилници на Нихон-џи 2.0.

May 22, 2023 07:42
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Публиката која оваа година ќе присуствува на второто издание на Нихон-џи фестивалот за јапонска култура што ќе се одржи на 27-ми мај во Мала Станица, во организација на Japan@mk, ќе има одлична можност да се доближи до Јапонија на повеќе начини, вклучувајќи и работилници и презентации поврзани со јапонската традиционална и поп-културата.

Овогодинешната програма е збогатена со работлници и презентации за калиграфија и оригами, предводени од Јуко Сакагучи и Чие Нагашима, професорка по јапонски јазик.

Во делот со оригами, своја работилница ќе има и Мила Симовска која ќе ја воведе публиката во техниката за изработување модуларно оригами, додека пак Кирил Петковски ќе одржи презентација и работилница за напредно оригами изработено од едно парче хартија. Негови импресивни оригами дела ќе бидат исто така изложени во изложбениот салон на Мала Станица.

Своја работилница и презентација ќе има и Сивус центарот за едукација и развој, каде присутните ќе можат да научат повеќе за историјата на самата наука и основите на електрониката и механиката. Публиката ќе се запознае со основните принципи на роботите, нивната примена, како и процесите при креирање и програмирање на еден робот.

Фокусот на технологијата се провлекува и преку презентацијата на Елена Трајкоска-Бојаџиска која ќе ја открие механичката магија на аутомата и каракури куклите. Елена ќе ја воведе публиката во богатата историја на аутомата куклите кои се дизајнирани да имитираат движења на луѓе или животни преку низа однапред дефинирани дејства. Во Јапонија тие се познати како каракури – термин кој во превод означува „механизам” .

Професионалниот илустратор Ристо Манасиев, пак, ќе одржи презентација на резултатите од затворената Манга работилницата (одржана на 20-ти мај, во Бруталиск), каде учесниците научија за принципите на манга цртањето, додека пак Ива Стојческа, реномиран косплеј уметник со децениско интернационално искуство, ќе ги презентира резултатите од затворената Косплеј работилницата (одржана на 6-ти мај во Центар Јадро).

Во рамките на фестивалот, и оваа година, љубителите на поезијата ќе имаат можност да уживаат во хаику перформанс на македонски хаику поети, меѓу кои се вбројуваат: Владимир Мартиновски, Николина Андова, Искра Донева, Дејан Василевски и Александар Маџаровски.

Покрај бројните работилници и презентации, Нихон-џи на својата публика ѝ ветува незаборавно искуство преку изложби, мода, проекции, трибини, игри, боречки вештини и продажен дел.

Фестивалот Нихон-Џи е единствениот од својата природа во земјата, а сите заинтересирани за повеќе информации може да погледнат фотографии, видеа или други информации за сите настани на Јапан@мк на било кој од социјалните медиуми (Instagram, Facebook, Youtube) како и на страната japan.net.mk.

Деталната програма за фестивалот е достапна на нивната офицјална веб страна, како и Фејсбук настанот.

Tags: ЈапонијакултураНихон-џи 2.0.
Next Post

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk